РК РАДОВИШ СО ПОРАЗ ОД ОХРИД

Најинтересниот дуел денеска во Супер машката лига очекувано беше одигран во Охрид каде истоимениот тим се избори за победа од 31:27.

Радовиш беше сериозен ривал како што се очекуваше и зададе удар после првите 30 минути. Предноста од 17:15 беше доказ за тоа дека имаа убави шанси и за повеќе на овој меч. Сепак, после квалитетно одиграното прво полувреме во продолжението од мечот охриѓани успеаја да ги стегнат своите редови во одбраната, а во нападот преку Младеновски и Блажевски лесно успеваа да реализираат.

На средина од второто полувреме беше неизвесно, но како што се ближеше крајот отпорот на Радовиш почна да се намалува и тоа значеше дека ќе нема шанси за нешто повеќе на овој меч, па бодовите останаа за составот на Охрид.

Голманот Трајкоски помогна со десет одбрани, додека Младеновски и Блажески беа најпрецизни со седум гола. Кај поразените Паунов имаше 12 одбранети удари, додека Мајиќ уште еднаш беше прв стрелец овој пат со 11 гола. Тој заедно со Соколов постигна поголем дел од погодоците бидејќи вториот заврши со десет гола.

ОХРИД 2013 – РАДОВИШ  31:27 (15:17)

Сала: СЦ „Билјанини извори“ во Охрид. Гледачи: 300. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Марјан Начевски од Скопје.

ОХРИД 2013: Трајкоски, Стојаноски, Андоноски 1, Ивановски, Младеновски 7, Блажевски 7, Костов, Ристески, Бирдахиќ, Спасовски 1, Тасески 3, Андоновски, Адамовиќ 5, Кежиќ 2, Димитријески 4, Кљајиќ 1

Седмерци: 1/3, Исклучувања: 8 мин.

РАДОВИШ: Паунов, Арсов, Пешовски, Долдуров, Глугоров, Ѓорѓиев 2, Фенов 1, Соколов 10, Спасов, Симиќ 3, Ристов, Јованов, Мајиќ 11, Спасов

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 4 мин.

Фото: ohridnews.com

 

Следен натпревар

РК МЕТАЛУРГ 2 - РК РАДОВИШ