РК РАДОВИШ СО АКТИВНИ ПОДГОТОВКИ И КОНТРОЛНИ НАТПРЕВАРИ ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА СЕЗОНАТА

РК Радовиш активно се подготвува за почетокот на новата сезона, покрај редовните тренинзи кои се реализираат да пати на ден, исто така се одигруваат и контролни натпревари каде што се предвидува стратегијата и се оформува екипата пред почетокот на сезоната која започнува на 16 Септември со натпреварот на домашен терен против екипата на РК Пелистер од Битола.

Во периодот на подготовки се одиграа контролните натпревари со екипите на РК Вардар Јуниор во Скопје каде што нашата екипа имаше позитива, а натпреварот заврши 29-30 за РК Радовиш, исто така се одигра контролен со РК Борец во Велес, овој натпревар заврши со резултат 33-32 за домаќините, во четврток на 07 Септември во Радовиш ќе се одигра контролен натпревар со екипата на РК Бутел од Скопје, а натпреварот е закажан за 19.00 часот во Срц 25 мај во Радовиш, додека во Сабота на 09 Септември во повратен контолен натпревар ни доаѓа екипата на РК Борец од Велес.

Следен натпревар

РК МЕТАЛУРГ 2 - РК РАДОВИШ