РК РАДОВИШ РЕМИЗИРАШЕ СО РК МЕТАЛУРГ 2

РК РАДОВИШ-РК МЕТАЛУРГ 2   24:24 (15:13)

Во текот на целата средба беше неизвесно, а двата тима се менуваа во водството, но младите ракометари на Металург се израдуваа на бодот од гостувањето во Радовиш. Голманот Даниловски имаше 19 одбрани, од кој 5 удари од седум метри со што беше најдобриот поединец на натпреварот.  Седмерецот во последните секунди на Борче Фенов беше за реми од 24:24 и само бод за нашиот ракометен клуб.

Сала: СРЦ „25 Мај“ во Радовиш. Гледачи: 500. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Васил Чавдаров од Богданци.

РАДОВИШ: Паунов 1, Левов 1, Борисов, Пешовски, Јованов, Долдуров 2, Глигоров, Ѓорѓиев 3, Фенов 1, Соколов 2, С. Спасов, Спасков 1, Чизмовиќ 5, Мајиќ 8, А. Спасов

Седмерци: 4/9, Исклучувања: 6 мин.

МЕТАЛУРГ 2: Даниловски, Василевски, Димитриоски 2, Тодоров, Ристовски, Серафимов 7, Арсеновски 3, Лембанов, Младеновиќ, Гајиќ 2, Мелоски 1, Кондев, Митиќ, Кофиловски, Шилегов 9, Гошевски

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 8 мин.

Следен натпревар

РК МЕТАЛУРГ 2 - РК РАДОВИШ