РАКОМЕТНА ШКОЛА

Во спортската сала СРЦ 25-ти Мај во склоп на ракометниот клуб РК Радовиш активно работи и функционира Ракометната школа на РК Радовиш.

 

Ракометната школа ги опфаќа сите деца од 6 до 16 години, зачленувањето во школата е бесплатно. Ракометниот клуб РК Радовиш се одлучи на овој чекор да им се даде шанса на сите деца кои ќе изразат желба за играње ракомет и од управата кажуваат дека сите деца ќе бидат опфатени и на секое дете ќе му се даде шанса и секако она најглавното , школата да произведе добри играчи кои во иднина ќе бидат носители на играта на РК Радовиш.

Исто така пројавениот интерес од страна на девојчињата за формирање на женска екипа кое ќе доведе до формирање на ЖРК Радовиш.

 

Ракометната школа ја водат активните искусни ракометари и професори по физичко воспитување Игор Конзулов и Љупче Мијалов.